ПЕРУ ТВРДИ ДЕКА ТАМУ ЖИВЕЕ НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК ВО ИСТОРИЈАТА, РОДЕН ПРЕД 124 ГОДИНИ

    ПЕРУ ТВРДИ ДЕКА ТАМУ ЖИВЕЕ НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК ВО ИСТОРИЈАТА, РОДЕН ПРЕД 124 ГОДИНИПеруанските власти кажаа дека ќе му помогнат на Марселино Абад да аплицира за Гинисов рекорд

    Владата на Перу тврди дека во оваа држава живее најстариот човек на светот, откако Марселино Абад од централниот регион Хуануко го прослави 124. роденден. Ако ова се покажа точно, Абад би бил не само најстариот човек на светот во моментов, туку и независно потврден најстар човек на сите времиња.

    Во мирот на флората и фауната на Хуануко, Марселино Абад Толентино или Машико развил здрав начин на живот и внатрешен мир. Тоа му овозможило да помине 12 декади од животот и на 5 април да го прослави 124. роденден“, соопшти владата.

    Перуанските власти кажаа дека ќе му помогнат на Абад да аплицира за Гинисов рекорд.

    Гинисова книга на рекорди прима многу апликации од поединци кои тврдат дека се најстара личност на светот“, изјави портпаролот на оваа организација.

    Како најстар човек на светот моментално се води 111-годишниот Британец Џон Тинисвуд, додека најстара потврдена личност во историјата имала 122 години.

    Абад живеел повлечено сѐ додека перуанската влада не го идентификувала во 2009, по што му дала документи и пензија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира