Најмалку седуммина луѓе загинаа во руските воздушни напади на Одеса и Харкив, а мета беа и други региони на Украина. Украинските власти кажаа деке експлозии се регистрирани во североисточните, јужните и западните региони, при што била нападната енергетската инфраструктура.
Гувернерот на Лвов, Максим Козицки, изјави дека противвоздушната одбрана била активна на западот на земјата.
Тројца цивили загинаа откако во харкивскиот регион биле погодени продавница и аптека, додека во руските напади на Одеса се убиени четворица луѓе, вклучувајќи 10-годишно девојче, а 14-мина се повредени.
Џо Бајден вчера го повика Конгресот веднаш да го изгласа законот со кој ќе се обезбеди помош од 60 милијарди долари за Украина, додека водечкиот американски генерал во Европа Кристофер Каволи предупреди дека Русија во рок од неколку недели ќе има десеткратна предност во однос на Украина ако на Киев не му се испратат муниција и оружје.