До Националната агенција за образовани програми и мобилност стигнало официјалното известување, односно дебит нотата, дека во рок од 30 до 45 дена државата треба да врати 2,2 милиони евра колку што биле злоупотребени од европската програма Еразмус + во периодот од 2016 до 2018. Директорот на Агенцијата Марко Ѓеоргиевски денес во Битола одговорајќи на новинарско прашање рече дека заедно со Министерството за финансии бараат начини како да се вратат средствата. Истражните органи и Обвинителството истражуваат кои се корисниците што ги злоупотребиле европските пари.
„Рокот на враќање на 2,2 милиони евра кои треба да ги врати Националната агенција за образовани програми и мобилност изнесува од 30 до 45 дена. Ги разгледуваме со Министерството за финансии сите можни опции како да ги вратиме средствата. Во моментов има техничка влада и со новиот ребаланс по изборите сигурно овие средства ќе бидат предвидени. До тогаш ќе наоѓаме напори заедно со Министерството за финансии да ги вратиме овие средства“, рече Ѓоргиевски.
Заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека бараат начин како дел од средствата да се вратат назад, а остатокот да се одбие од износи за некои идни проекти. Тој додаде дека документацијата е предадена на истражните органи и Обвинителството, па очекува дека тие за брзо ќе излезат со објаснување кој ги направил злоупотребите.
„Ова е откриено со помош на колегите од Агенцијата и целта е тоа да не се повторува. Да има една позајакната контрола и да има начин како да се препознаат и во претходните контроли и во текот на реализацијата на проектите за да се се повторуваат овие ситуации. Откако ќе се откријат сторителите, постапката налага Агенцијата да има право да побара од оние лица за кои е утврдена злоупотреба да ги вратат средствата назад. И тоа е многу важно за да не се повторуваат овие ситуации и секој што влегува во такви мехинации да се замисли и да биде одвратен од тоа бидејќи штета трпат сите“, рече Маричиќ.
Тој додаде дека европскиот амбасадор во земјава Дејвид Гир соопштил дека нема да има последици за Агенцијата зашто нема нејзино вмешување и ќе останат сите средства за новата програма Еразмус во ист износ како што се доделени за Македонија.
Истрагата што ја спроведе Европската комисија за борба против измама (ОЛАФ) утврди дека во периодот од 2016 до 2018 22 корисници ги злоупотребиле парите ое едвропските грантови наменети преку програмата Еразмус +.
- РАЗЛИЧНИ СУБЈЕКТИ СЕ ДЕЛ ОД 18 ИСТРАГИ НА СЛУЖБАТА ОЛАФ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ НА ЕВРОПСКИ ПАРИ ВО ЗЕМЈАВА, РЕЧЕ ГИР
- ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА БАРА МАКЕДОНИЈА ДА ВРАТИ 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗЛОУПОТРЕБЕНИ ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС
Ж. ЗДРАВКОВСКА