Голема електрана близу Киев е целосно уништена во денешниот руски воздушен напад, објави енергетската компанија „Центренерго“. Електраната „Трипилија“ беше најголемиот снабдувач на електрична енергија за три региони, вклучувајќи го и Киев.
„Нивото на уништувањето е застрашувачко. Електраната е вон функција“, изјави директорот на „Центренерго“, Андриј Хота, додавајќи дека во нападот се уништени трансформаторот, турбините и генераторите.
Русија долго време намерно и систематски го напаѓа енергетскиот систем на Украина.
„Трипилија“ се наоѓа 50 километри јужно од Киев. Властите кажаа дека електраната била погодена со неколку проектили.
„Вработените успеале да се спасат, откако побарале засолниште веднаш по нападот на првиот дрон“, кажа Хота.
Русија лансирала повеќе од 80 проектили и дронови во денешниот напад низ целата земја. Речиси третина од нив не биле соборени од противвоздушната одбрана.