ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА СУДСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ОДЕСА

    ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА СУДСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ОДЕСАПокривот на зградата е речиси целосно уништен (Фото: Државна итна служба на Украина)

    Четири лица загинаа, а 29 се ранети во руски ракетен напад на образовна установа во Одеса. Регионалниот гувернер Олег Кипер изјави дека четворица од ранетите се во сериозна состојба.

    Снимки од нападот покажуваат како гори историска зграда сместена покрај морето.

    Портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук изјави дека нападот бил изведен со балистички проектил „искандер“ со касетна муниција. Овие проектили тешко се пресретнуваат.

    Медиумите објавија дека покривот на зградата, опишана како судска академија, е речиси целосно уништен. Меѓу ранетите е претседателот на академијата Серхиј Кивалов, кој е поранешен пратеник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира