АВСТРАЛИСКАТА ПОЛИЦИЈА УБИ 16-ГОДИШНИК КОЈ СО НОЖ НАПАДНА МАЖ, ВЕЛИ ДЕКА БИЛ РАДИКАЛИЗИРАН

    АВСТРАЛИСКАТА ПОЛИЦИЈА УБИ 16-ГОДИШНИК КОЈ СО НОЖ НАПАДНА МАЖ, ВЕЛИ ДЕКА БИЛ РАДИКАЛИЗИРАНИнцидентот се случил на паркингот на продавница (Фото: АП)

    Австралиската полиција уби 16-годишно момче вооружено со нож откако избодел маж во Перт. Инцидентот се случил на паркингот на една продавница, каде што тинејџерот прво го нападнал мажот, а потоа се упатил кон полицајци, кои го застрелале.

    Има назнаки дека момчето било радикализирано преку интернет, но сакам да ја уверам заедницата дека тој дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук.

    Во инцидентот е ранет маж во 30-ти години, кој бил прободен во грбот. Тој бил превезен во болница во сериозна состојба, но не бил во животна опасност.

    Полицијата и безбедносните служби веќе спроведуваат противтерористичка истрага во Сиднеј откако друг 16-годишник нападна со нож православен свештеник во црква на 15 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира