ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ РАИСИ И МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЗАГИНАА ВО ВЧЕРАШНАТА ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА

    ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ РАИСИ И МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЗАГИНАА ВО ВЧЕРАШНАТА ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌАРаиси беше избран за претседател во 2021 и нареди построго спроведување на законите за моралност и крваво задушување на антивладините протести (Фото: АП)

    Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговиот министер за надворешни работи загинаа во вчерашната хеликоптерска несреќа, која се случи на планински терен и во лоши временски услови, потврдија властите откако спасувачките екипи ги лоцирале остатоците од леталото во провинцијата Источен Азербејџан.

    Претседателот Раиси и сите патници во хеликоптерот загинаа во несреќата“, изјави еден висок ирански функционер.

    Веста ја објави и државната новинска агенција „Мер“.

    Друг ирански функционер претходно кажа дека хеликоптерот што ги превезувал Раиси и министерот Хосеин Амир-Абдолахијан бил целосно изгорен по несреќата. Државна телевизија прикажа снимки од леталото кое удрило во планински врв, додавајќи дека станува збор за хеликоптер од американско производство „бел 212“.

    Шеесет и тригодишниот Раиси беше избран за претседател во 2021 и оттогаш нареди построго спроведување на законите за моралност и крваво задушување на антивладините протести. Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи претходно кажа дека оваа несреќа нема да доведе до нарушување на државните работи.

    Раиси се враќаше од границата со Азербејџан, каде што се отвораше проект за изградба на брана. Спасувачките екипи цела ноќ се пробивале низ тежок терен и студена бура за да стигнат до остатоците од хеликоптерот.

    Кога стигнавме до местото на падот во раните утрински часови, забележавме дека нема знаци на живот“, изјави шефот на иранската Црвена полумесечина Пиросеин Коливанд.

    Несреќата се случи во тежок момент за Иран, додека се соочува со политичка, социјална и економска криза. Многуминаа го гледаа Раиси како наследник на 85-годишниот ајатолах Али Хаменеи, кој ги прифати неговите политики. Од победата на изборите во 2021, сите гранки на власта беа ставени под контрола на тврдокорните структури, па Раиси се соочи со некои од најголемите протести во поновата историја на Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира