ДЕТСКИ ТРУД СЕ КОРИСТИ ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПАРФЕМИ, ОТКРИ „БИ-БИ-СИ“

    ДЕТСКИ ТРУД СЕ КОРИСТИ ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПАРФЕМИ, ОТКРИ „БИ-БИ-СИ“Деца во Египет работат на плантажите за јасминов цвет што се користи изработка на луксузните парфеми во козметичката индустија. (Фото: Би-Би-Си)

    Децата ги береле суровините што ги користат добавувачите на две големи компании за убавина, открива „Би-Би-Си“. Истражувањето на „Би-Би-Си“ од минатото лето за синџирите за снабдување со суровини за изработка на парфеми, покажа дека јасминот што го користеле добавувачите на „Ланком“ и „Ерин бјути“ го береле малолетници. Сите брендови за луксузни парфеми тврдат дека имаат нулта толеранција за користење детски труд.

    „Лореал“, сопственикот на „Ланком“, рече дека е посветен на почитување на човековите права. „Есте Лодер“, сопственик на „Ерон бјути“, рече дека контактирал со своите добавувачи.

    Јасминот што се користи во парфемот „Idôle L’Intense“ на „Ланком“ и во „Ikat Јasmine“ и „Limone di Sicilia“ за „Ерин бјути“ доаѓа од Египет, кој произведува околу половина од светската понуда на цветови од јасмин – клучна состојка на парфемот.

    Упатените во индустријата кажаа за „Би-Би-Си“ дека неколку компании кои поседуваат многу луксузни брендови ги скусуваат буџетите, што резултира со многу ниски плати. Египетските берачи на јасмин велат дека тоа ги принудува да ги вклучат во работата и своите деца. „Би-Би-Си“ откри дека системите за ревизија што индустријата за парфеми ги користи за проверка на синџирите на снабдување се темелно погрешни.

    Специјалниот известувач на ОН за современи облици на ропство, Томоја Обката, рече дека бил вознемирен од доказите на „Би-Би-Си“, кои вклучуваат тајно снимање во египетските полиња со јасмин за време на минатогодишната сезона на берба.

    „На хартија, тие [индустријата] ветуваат толку многу добри работи, како што се транспарентноста на синџирот на снабдување и борбата против користење детски труд. Гледајќи ја оваа снимка, тие всушност не ги прават работите што ветија дека ќе ги направат“, вели тој.

    „Би-Би-Си“ ја сними Хеба, која живее во село во областа Гарбија, срцето на регионот со јасмин во Египет. Таа го буди своето семејство во 03:00 часот за да почне да ги бере цветовите пред да ги оштетат сончевите зраци. Хеба вели дека во работата ѝ треба помош од нејзините четири деца, на возраст од 5 до 15 години. Како и повеќето берачи на јасмин во Египет, таа е позната како „независен берач“ и работи на фарма на мало стопанство. Колку повеќе таа и нејзините деца можат да наберат, толку повеќе заработуваат.

    Ноќта кога ја снимаше „Би-Би-Си“, таа и нејзините деца успеаја да соберат 1,5 кг цветови од јасмин. Откако платила една третина од својата заработка на сопственикот на земјиштето, таа останала со околу 1,5 американски долари за работата таа ноќ. Ова вреди помалку од кога било досега, имајќи предвид дека инфлацијата во Египет е на највисоко ниво на сите времиња, а берачите често живеат под прагот на сиромаштија.

    Тешко е да се каже точно колку од 30.000 луѓе вклучени во египетската индустрија за јасмин се деца. Но, во текот на летото 2023 година, „Би-Би-Си“ снимаше низ овој регион и разговараше со многу жители кои кажаа дека ниската цена за јасминовиот цвет значи дека треба да ги вклучат своите деца во нивната работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира