ЗА ТРИ ГОДИНИ РЕЦИКЛИРАНИ 10 МИЛИОНИ ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА И ЛИМЕНКИ ВО ЗЕМЈАВА

    ЗА ТРИ ГОДИНИ РЕЦИКЛИРАНИ 10 МИЛИОНИ ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА И ЛИМЕНКИ ВО ЗЕМЈАВАПластичните шишиња и лименки кои се одложуваат во повратните вендинг машини потоа повторно се рециклираат во амбалажа. (Фото: СДК.МК)

    Десет милиони шишиња и лименки се собрани во повратните вендинг машини на „Пакомак“ од нивното поставување во 2021 година. Пластичните шишиња и лименки кои се одложуваат во повратните вендинг машини потоа повторно се рециклираат во амбалажа.

    Ова е голем успех на сите наши сограѓани. Среќни сме што за три години ја постигнавме оваа бројка. Собраните шишиња и лименки во вендинг машините се чист отпад, кој потоа може да се рециклира и повторно да се искористи за добивање на пластично шише за пијалок. Важно е дека граѓаните ја препознаваат потребата за паметно управување со отпадот и дека одвојуваат од своето време за рециклирање. Во оваа прилика, изразуваме голема благодарност до Швајцарската амбасада за долгогодишната и континуирана поддршка“, велат од „Пакомак“.

    Со рециклирањето и повторното производство од едно пластичното шише се заштедува околу 60% од емисиите на јаглерод диоксид во воздухот.

    Од „Пакомак“ велат дека и понатаму продолжуваат со ширење на мрежата и поставување на нови повратни вендинг машини низ земјата, како и континуирано да превземаат едукативни акции и кампањи со цел подигнување на јавната свест и едукација за здрави зелени навики и паметно управување со отпадот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира