СЛОВЕНИЈА ГИ ВКЛУЧИ ПАРТИЗАНСКИТЕ ПЕСНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО БОГАТСТВО

    СЛОВЕНИЈА ГИ ВКЛУЧИ ПАРТИЗАНСКИТЕ ПЕСНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО БОГАТСТВОСпоменикот на НОБ на Плоштадот на Републиката во Љубљана (Фото: СДК.МК)

    Словенија ги вклучи партизанските песни настанати за време на Втората светска војна во својот регистар на нематеријално културно богатство. Овие песни станаа многу популарни по завршувањето на војната, а иницијативата за нивно вклучување во регистарот ја покрена Партизанскиот хор од Љубљана, основан во 1944.

    „Се одлучивме на овој чекор со цел овие неколку стотици песни, кои се чуваа во библиотеки и архиви, да бидат зачувани за идните генерации“, кажаа од хорот.

    Споменикот на партизанскиот командант Франц Розман-Стане во центарот на Љубљана (Фото: СДК.МК)

    Словенечките партизански песни потекнуваат од востаничките и народните воени песни настанати во Втората светска војна, соопшти Министерството за култура на Словенија. Првично овие песни биле изведувани од вокални групи на војници кои биле дел од аматерските театарски или културни групи и се пееле на културни настани во партизанските единици или на ослободените територии.

    По Втората светска војна, партизанските песни беа столб на државната музичка продукција, а по распадот на Југославија, тие главно се изведуваа на неформални настани.

    Словенија и по распадот на Југославија го слави делот од историјата поврзан со антифашистичката војна и се грижи за стотиците споменици подигнати во чест на партизаните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира