АМЕРИКАНСКИ ТУРИСТ ЗАГИНА ОД СТРУЕН УДАР ВО ЏАКУЗИ ВО МЕКСИКО

    АМЕРИКАНСКИ ТУРИСТ ЗАГИНА ОД СТРУЕН УДАР ВО ЏАКУЗИ ВО МЕКСИКОИнцидентот се случил во приватен комплекс во одморалиштето во градот Пуерто Пењаско (Фото: Алами)

    Американски турист почина откако настрада од струен удар во џакузи во Мексико, објавија локалните власти. Четириесет и тригодишниот маж го делел џакузито со жена, кога се случила несреќата. Таа е префрлена на лекување во САД, но останува во критична состојба.

    Инцидентот се случил во приватен комплекс во одморалиштето во градот Пуерто Пењаско во мексиканската сојузна држава Сонора. Јавниот обвинител на Сонора објави дека тие настрадале поради можно електрично празнење додека биле во џакузито.

    Едно видео од местото на настанот покажува шокирани очевидци како врескаат во паника додека стојат околу џакузито, кое се наоѓа близу плажа. Еден очевидец изјави дека се обидел да ѝ помогне на двојката, но го стресла струја кога ја допрел водата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира