Грчката полиција трајно затвори бар на плажа во Агија Марина на островот Родос откако истече крајниот рок што општината му го дала на сопственикот да достави документи дека работи легално.
Плажата на барот беше запечатена две недели порано откако инспекторите утврдиле низа прекршувања, вклучувајќи незаконско окупирање на плажата. Властите кажаа дека главната нерегуларност е што барот се наоѓа во рамките на археолошкиот локалитет на градот Родос.
Менаџерот на барот беше уапсен на 7 јуни поради незаконско поставување лежалки, чадори и метални структури на брегот и во морето, а барот беше затворен. Само два часа подоцна, печатите и лентите биле тргнати и барот повторно работел, поради што полицијата се вратила. Барот притоа добил казна од над 28.000 евра.
Истиот бар се најде во медиумите и минатата година поради незаконско поставување лежалки во морето. Тие беа отстранети на крајот на ланската сезона, но газдата повторно ги поставил и продолжил со работа.