Поранешниот фудбалер на Јувентус и Милан, Роберто Баџо, е повреден во вооружен грабеж во неговиот дом во северна Италија, објавија локалните медиуми. Инцидентот започнал во 22 часот, кога најмалку пет лица упаднале во вилата на 57-годишниот Баџо.
„Кориере дела сера“ објави дека насилниот инцидент се случил додека Баџо и неговото семејство го гледале натпреварот Шпанија-Италија на Европското првенство.
Според АФП, Баџо се обидел да ги спречи провалниците, но еден од нив го удрил со пиштол по челото. Локалните медиуми јавија дека бил однесен во болница и раната му била санирана.