Лидерот на СДСМ Зоран Заев побара од претседателот Ѓорге Иванов да му го додели мандатот за формирање влада и кажа дека секоја друга опција ќе значи кршење на уставот и злоупотреба на функција.
„Никола Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер. Се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ синоќа на полноќ ја изгуби можноста да формира влада. Демократските процеси се почнати, така одлучија над 612 илјади граѓани на изборите. Очекувам Иванов да ми го додели мандатот за формирање влада, сите поинакви опции ќе значат кршење на уставот и злоупотреба на функцијата“, кажа Заев пред малку на прес-конференција во седиштето на СДСМ.