РОДИТЕЛИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ЛАЖАНИ БАРААТ ИСПРАВНА ВОДА ВО УЧИЛИШТЕТО

    РОДИТЕЛИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ЛАЖАНИ БАРААТ ИСПРАВНА ВОДА ВО УЧИЛИШТЕТО

    Родителите на 270-те ученици во основното училиште „Мирче Ацев“ во долненското село Лажани бараат да се реши проблемот со водата за пиење. Велат дека нема да толерираат и натаму нивните деца да користат неисправна вода, а проблемот тврдат не бил решен од мај минатата година.

    „Децата пијат неисправна вода според изјавите на Заводот за здравствена заштита, а, до пред некој ден немаше ни огласна табла за да знаат учениците дека таа вода не смее да се користи за пиење. Еве градоначалникот нека си го донесе своето дете да учи во истово училиште. Не е ли греота за овие деца“, велат родителите и бараат итно решение за проблемот.

    Директорот на јавното комунално претпријатие на Општина Долнени се обидовме, но не успеавме да го контактираме во неколку наврати. Од Центарот за јавно здравје во Прилеп, потврдуваат дека водата не е бактериолошки исправна и препорачуваат водата да се преврива.

    „Основното училште во село Лажани е приклучено на регионалниот водовод Студенчица. Последната анализа на водата направена во месец декември минатата година покажува дека водата во ОУ во с. Лажани е исправна.А, бактериолошки неисправен примерок имаме земено на 19 10.2016 година. И, да, таа вода бактерилошки не е исправна. Тоа се должи на нередовната дезинфекција на водата за пиење, која треба да се врши од страна на локалната самоуправа на Општина Долнени. Хлорната станица за овој крак којшто оди кон Дебреште, Лажани, Житоше и продолжува кон Алданци и Норово, треба да биде поставена во близина на селото Дебреште и тука да се врши дезинфекција на водата за пиење“, вели д-р Петар Оханесјан од Центарот за јавно здравје од Прилеп.

    Медицинските стручњаци препорачуваат водата да се преврира, а бидејќи децата не се во можност тоа да го прават, да консумираат само флаширана вода во оригинални пакувања, или да си носат од дома во шише превриена вода. Секое дете, треба да користи посебно вода за себе, со цел да се спречат евентуални инфекции.

    Овој проблем, потенцира д-р Оханесјан се појавува од време на време и во училиштата во селото Дебреште и во Долнени, но тоа не е случај овој пат.

    „Истата вода се користи и во селата, затоа препорачуваме водата да се преврира по 10 минути, а потоа да се користи, или да се користи само флаширана вода за пиење“, дециден е д-р Оханесјан.  

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира