ПАДНА ДЕЛ ОД ТАВАНОТ НА ГТЦ ВО СКОПЈЕ, ГО СРУШИЛ КЛИМА-УРЕД КОЈ СЕ ОТКАЧИЛ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ПАДНА ДЕЛ ОД ТАВАНОТ НА ГТЦ ВО СКОПЈЕ, ГО СРУШИЛ КЛИМА-УРЕД КОЈ СЕ ОТКАЧИЛ, НЕМА ПОВРЕДЕНИВо инцидентот нема повредени иако во тој период  во трговскиот имало посетители и работеле дуќаните.(Фото: СДК.МК)

    Падна дел од таванот во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во центарот на Скопје . Попладнево се паднати големи парчиња од спуштениот плафон во делот кој гледа кон паркот Жена борец и сега на таванот зјае голема дупка. Во инцидентот нема повредени иако во тој период  во трговскиот имало посетители и работеле дуќаните.

    Директор на ГТЦ Ѓоко Трајчевски вели дека се откачил клима-уред на еден од дуќаните кој со себе урнал и дел од спуштениот плафон.

    „Надворешниот елемент на климата која е поставена пред 20 години се откачил, попуштиле држачите и поради тоа се откорнал цел дел. Штетата ќе ја покрие сопственикот на дуќанот. Просторот е исчистен и утре дупката ќе биде затворена“, ни изјави Трајчевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира