НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРШИ ОНЛАЈН ЧЕКИРАЊЕ НА „ВИЗ ЕР“, ПАТНИЦИТЕ ДА ОДАТ НА АЕРОДРОМ 3 ЧАСА ПОРАНО

    НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРШИ ОНЛАЈН ЧЕКИРАЊЕ НА „ВИЗ ЕР“, ПАТНИЦИТЕ ДА ОДАТ НА АЕРОДРОМ 3 ЧАСА ПОРАНОУслугите на веб страната и мобилните апликации на компанијата привремено се недостапни. (Фото: СДК.МК)

    Проблем со чекирањето на патници поради глобалниот ИТ проблем има и авиокомпанијата „Виз ер“, која лета од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Од компанијата соопштија патниците да дојдат најмалку три часа порано на аеродром за да можат на шалтерите да се чекираат за летот.

    Како и сите авиокомпании денес и ‘Виз ер‘ се соочува со екстремни технички предизвици со прекинот на глобалните ИТ системи од трета страна. Услугите на веб страната и мобилните апликации привремено се недостапни односно недостапни се веб-страница и мобилна апликација, систем за резервации, онлајн систем за пријавување и прикажување на картата за патување, контакт центри за нови резервации и промени на постоечките. За време на прекинот, достапно е бесплатно пријавување на аеродромот. Затоа, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред закажаното време на поаѓање за да овозможат доволно време за пријавување, безбедносна контрола и здравствени и безбедносни процедури специфични за аеродромот“, велат од компанијата.

    Според првичните информации, причина е пад на „Виндоус“ системите на „Мајкрософт“ поради, како што велат од американската компанија, надградба од трета страна.

    Станува збор за проблематична надградба на компанијата за сајбербезбедност „Краудстрајкт“. Оттаму потврдуваат дека работат на случајот и дека има проблем со „Виндоус“, но не и со „Мек“ и „Линукс“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира