СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЌЕ СЛАВАТ 90-ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ И 95 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

    СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЌЕ СЛАВАТ 90-ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ И 95 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГАНЕ ТОДОРОВСКИМотото на годинешниот фестивал, кој ќе трае од 22 до 26 август е „Допир на убавината“. (Фото: СВП)

    Годишнините на двајца истакнати македонски поети: 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски (1934-2006) и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски (1929-2010) ќе се одбележат на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата (СВП), кое ќе се одржи од 22 до 26 август, рече на денешната прес-конференција директорот Тодорче Тасевски.

    Како дел од одбележувањето, во соработка со Здружението на слепи лица на Општина Велес, ќе биде издадено специјално издание со Брајово писмо, избор од антологиските песни на Петре М. Андреевски и Гане Тодоровски. Изборот го подготви професорката Кристина Николовска од катедрата за македоска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

    Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, а свеченото затворање ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата. Мотото на годинешниот фестивал е „Допир на убавината“.

    „Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик кој овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на Убавината, отелотворена во поезија. Но исто така, сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и рељефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата.) Оваа година, го имаме францускиот лауреат, истакнатиот поет Жан Пјер- Симеон. Поетскиот портрет на лауреатот е на 24 август и според традицијата ќе се одржи во катедралната црква Св. Софија во Охрид. Повеќе од 25 странски поети од светот, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација, ќе учествуваат на фестивалот на главните поетски читања“, најави Тасевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира