УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАДНАЛЕ РУСКА ВОЗДУШНА БАЗА БЛИЗУ ФИНСКА

    УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАДНАЛЕ РУСКА ВОЗДУШНА БАЗА БЛИЗУ ФИНСКАБазата „Олења“ се наоѓа на арктичкиот полуостров Кола, околу 1.800 километри северно од Украина

    Украински дронови ја нападнале руската воздушна база „Олења“ на далечниот север на земјата, при што бил погоден стратешки бомбардер, објавија украински и други медиуми. Весникот „Украинска правда“, повикувајќи се на извор од украинското разузнавање, објави дека во нападот бил погоден суперсоничен носач на проектили „Ту-22М3“.

    Овој аеродром се наоѓа на арктичкиот полуостров Кола, околу 1.800 километри северно од Украина и само 200 километри од финската граница.

    Нема причини за загриженост во Финска. Ситуацијата е под контрола и способни сме да одговориме“, изјави финскиот претседател Александер Стуб.

    Руските сили ја користат оваа база за изведување ракетни напади врз Украина. Се верува дека од бомбардер од „Олења“ бил лансиран проектилот кој ја погоди детската болница во Киев пред еден месец.

    Секоја уништена руска воздушна база, секој уништен руски воен авион значи спасување украински животи“, кажа Зеленски, без да го спомене нападот врз „Олења“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира