ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СИТЕ СЦЕНАРИЈА ПО УБИСТВОТО НА ЛИДЕРОТ НА ХАМАС ВО ИРАН

    ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СИТЕ СЦЕНАРИЈА ПО УБИСТВОТО НА ЛИДЕРОТ НА ХАМАС ВО ИРАНХамас потврди дека Исмаил Хание бил убиен во воздушен напад врз неговата резиденција во Техеран (Фото: АП)

    Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, вети жестока казна за Израел како одмазда за денешното убиство на лидерот на Хамас, Исмаил Хание.

    Криминалниот и терористички ционистички режим направи маченик од нашиот драг гостин во нашиот дом. Го подготвуваме теренот за жестока казна. Должноста на Иран е да ја одмазди крвта на Хание по инцидентот што се случи на територијата на Исламската Република“, порача Али Хаменеи.

    Иран прогласи тридневна национална жалост во чест на Хание, кој пред да биде убиен присуствуваше на инугурацијата на новиот ирански претседател. Хамас потврди дека Хание бил убиен во воздушен напад врз неговата резиденција во Техеран и го обвини Израел за тоа. Хание утре ќе биде погребан во Доха, каде што живееше во егзил во изминатите години.

    Израел официјално не ја презеде одговорноста за нападот, но премиерот Нетанјаху кажа дека се подготвуваат за сите сценарија, без да ја спомне смртта на Хание, кој беше политички лидер на Хамас од 2017.

    Како главен фаворит да го наследи на оваа функција се спомнува Халед Мешал (68), кого израелски агенти се обидоа да го отрујат во 1997 на улица во Аман, главниот град на Јордан. Мешал не е во добри односи со Иран поради неговата поддршка за востанието против сирискиот претседател Башар ал-Асад во 2011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира