Само ден по убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Хание, Израел ја објави смртта на уште еден водач на палестинската милитантна група. Израелската војска кажа дека минатиот месец го убила шефот на военото крило на Хамас, Мохамед Деиф.
„Можеме да објавиме дека на 13 јули 2024 нашите борбени авиони погодија област во Хан Јунис, при што беше елиминиран Мохамед Деиф, велат нашите разузнавачки проценки“, соопшти војската.
Хамас не го коментираше ова.
Се верува дека Деиф бил еден од организаторите на упадот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, што беше вовед во крвавата војна во Газа. Како една од најдоминантните личности на Хамас во изминатите 30 години, Деиф бил одговорен за развојот на тунелската мрежа во Газа и за правење експлозивни направи и беше основач на военото крило Бригадите Ал-Касам во 1990-тите. Тој со децении беше еден од најбараните луѓе во Израел, кој го сметаше одговорен за серија смртоносни бомбашки напади.