МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕНИ НА МОЛИТВЕНИОТ ПОЈАДОК ВО ВАШИНГТОН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕНИ НА МОЛИТВЕНИОТ ПОЈАДОК ВО ВАШИНГТОН

    Бизнис делегација од Македонија денеска беше дел од 65. Молитвен појадок во Вашингтон, кадешто традиционално се собира светската бизнис и политичка елита, соопшти „Алкалоид“.

    „Алкалоид“ во САД продава органски чаеви, а има и компанија во државата Охајо, којашто работи на маркетинг и промоција на производите од програмата „Гуд Нејчр“, како и за бизнис-развој на проекти во делот фармација.

    Македонски претставници меѓу над 3.000 угледни гости од 140 земји и 50 конгресмени, покрај првиот човек на „Алкалоид“ Живко Мукаетов, беа и Вилма Трајковска, основач на фондацијата „Борис Трајковски“, Ѓорге Војновиќ, Извршен директор на „Триглав осигурување“, со сопругата Маја Кадиевска-Војновиќ, Вицегувернер на Народната Банка на Македонија, како и Лазим Дестани, сопственик на компанијата „Еколог“.

    Централната церемонија во рамки на престижниот настан чија цел е продлабочување на меѓународните врски и меѓусебната грижа, како и маргинализирање на различностите помеѓу луѓето, традиционално се одржа во хотелот „Вашингтон Хилтон“.

    Американскиот претседател Доналд Трамп го имаше главниот збор, а обраќања имаа сенаторот од Флорида, Марко Рубио, Рабинот Хасел Лукстин и Рабинот Киш, еминентни сенатори и верски лидери како и Кралот Абдула од Јордан.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира