ФИФА ГО ЗАТВОРА ОДДЕЛОТ ЗА ОТКРИВАЊЕ НАМЕСТЕНИ НАТПРЕВАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:18:"Цирих,(АП)

    ФИФА ГО ЗАТВОРА ОДДЕЛОТ ЗА ОТКРИВАЊЕ НАМЕСТЕНИ НАТПРЕВАРИ

    ФИФА ја затвора дивизијата за откривање наместени натпревари, одлучувајќи да ги предаде на друг истражувачките услуги за неправилности во обложувањето во светскиот фудбал.

    Истрагите кои што Системот за рано предупредување на ФИФА ги спроведува веќе со децении, сега ќе се извршуваат во компанијата за услуги на податоци, „Спортрадар“.

    ФИФА денеска соопшти дека Системот за детектирање на измама – „Спортрадар“ ќе идентификува и ќе анализира сомнителни трендови на обложувањето.

    Експертите на „Спортрадар“, исто така, ќе ја известуваат ФИФА, која што допрва треба да го замени директорот за безбедност Ралф Мучке, поранешен директор на Интерпол кој си замина во декември, откако беше на чело на безбедноста на Светското првенство и борбата против местење на натпревари.  

    ФИФА ги истакна предностите на интерната мониторна единица, опишувајќи го системот како „клучен столб на етичката работа на ФИФА“ и потенцираше дека оперира независно од комерцијалната индустрија на обложувалници. Една од дивизиите на „Спортрадар“ нуди услуги за букмејкерите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира