Со концерт на кој солист ќе биде оперската певица Ана Дурловски, на 10 октомври започнува новата концертна сезона во Филхармонијата, која година слави 80 години постоење.
Дурловски во придружба на Оркестарот на Филхармонија ќе го изведе делото „Шест едноставни песни за сопран и оркестар” од Ерих Корнголд. На програмата се и симфонијата „Манфред” од Чајковски и премиерна изведба на увертира од домашен автор.
На 17 октомври како солист ќе настапи реномираниот француски пијанист Лука Дебарг, кој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар оп. 11 во Е-мол. На програмата се и Симфонија во три става и суита од балетот „Жар птица” од Игор Стравински.
Симон Трпчески ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар во А-мол од Едвард Григ. На програмата се и Симфонија бр. 1 „Титан” од Густав Малер и премиерна изведба на увертира од домашен автор.
М. ЏАРОВСКА