А1 МАКЕДОНИЈА СЛАВИ 5 ГОДИНИ ОД РЕБРЕНДИРАЊЕТО, СО РОДЕНДЕНСКАТА КАМПАЊА СЕ ДОБИВА 50% ПОПУСТ НА УРЕД ПРИ ОБНОВА НА ДОГОВОРОТ

    А1 МАКЕДОНИЈА СЛАВИ 5 ГОДИНИ ОД РЕБРЕНДИРАЊЕТО, СО РОДЕНДЕНСКАТА КАМПАЊА СЕ ДОБИВА 50% ПОПУСТ НА УРЕД ПРИ ОБНОВА НА ДОГОВОРОТМетодија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија. (Фото: А1 Македонија)

    А1 Македонија слави пет години од А1 брендот на македонскиот пазар и по тој повод почнува роденденска кампања „Животот е прекрасен со тебе“, со која корисниците ќе добијат 50 отсто попуст за нов паметен уред при обнова на договорот.

    „Заедно со вас го славиме петтиот роденден на А1 брендот на македонскиот пазар изминатите пет години ја изградивме најмодерна мобилна и оптичка мрежа, ги усовршивме сите наши производи и услуги, вложивме во нови најнапредни технологии, во атрактивни содржини, а сè со цел да ве поврземе нашите корисници и да ви овозможиме да ги споделите најважните моменти во вашиот живот“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.

    Тој вели дека над еден милион задоволни корисници се секојдневен поттик за постојано да се подобруваат и да растат и затоа продолжуваат со уште посилно темпо и понатаму да обезбедуваат најдобри понуди, супериорна корисничка услуга и пристап врвни технологии.

    „Сигурни сме дека сето ова ќе донесе уште повеќе вредност, многу повеќе комуникација и поврзаност. Kако и секогаш, најважните моменти ги славиме сите заедно и денес ја почнуваме роденденската кампања ‘Животот е прекрасен со тебе’, со која внесуваме позитивна енергија во светот околу нас и многу придобивки за нашите корисници“, вели Мирчев.

    Како дел од кампањата „Животот е прекрасен со тебе“ А1 воведува атрактивна понуда, со која сите нови и постојни приватни постпејд корисници што ќе направат обнова на својот договор, добиваат ексклузивна можност за 50 % попуст за нов паметен уред. Со А1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Ultra M имаат можност да го добијат извонредниот iPhone 15 5G 128GB за месечна рата од 999 денари. Додека, пак, сите нови и постојни бизнис-корисници со А1 Net Business Pro M и две мобилни линии А1 Business Pro М добиваат 50 % попуст за нов паметен уред SAMSUNG Galaxy S24 5G 8/128GB, со 287 денари месечна рата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира