ТОНИ СТОЈАНОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА НЛБ БАНКА

    ТОНИ СТОЈАНОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА НЛБ БАНКАНа челната позиција на НЛБ Банка Тони Стојановски доаѓа од Стопанска банка Скопје. (Фото: НЛБ банка)

    Тони Стојановски е нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, соопшти банката. Стојановски ќе ја води банката во наредните години, откако заврши преодниот период на НЛБ Банка Скопје кој го подготви досегашниот претседател на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ.

    По одлуката на Надзорниот одбор и добиената согласност од Народната банка, Стојановски од денеска ја презема функцијата.

    „Оваа банка има наследство на извонредност, што ме прави исклучително мотивиран и натаму да го унапредувам со интегритет и посветеност. Уверен сум во компетенциите на тимот и способноста на колективот да ја насочиме оваа институција кон врвни резултати и просперитет, да ги одржиме највисоките стандарди во банкарството, истовремено обезбедувајќи одржлив раст и заеднички успех за сите засегнати страни“, кажа Стојановски.

    На челната позиција на НЛБ Банка Тони Стојановски доаѓа од Стопанска банка Скопје, каде 15 години беше член на Управниот одбор, а низ годините извршуваше и други високораководни функции. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка Скопје, Стојановски извршуваше високораководни функции и во Народната банка. Тој е магистер по економски науки од областа на монетарната економија, банкарски професионалец со повеќедецениско работно искуство во финансискиот сектор и долгогодишен член на релевантни одбори и организации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира