ПОЧИНА СЛАВНАТА СРПСКА ГЛУМИЦА РАДА ЃУРИЧИН

    ПОЧИНА СЛАВНАТА СРПСКА ГЛУМИЦА РАДА ЃУРИЧИНЃуричин во Во матичната куќа Југословенско драмско позориште (ЈДП) одиграла над 40 улоги. (Фото: АТА)

    Легендарната српска актерка Рада Ѓуричин почина денеска на 91 година во Белград, соопшти нејзината матична куќа Југословенско драмско позориште (ЈДП), каде одиграла над 40 улоги.

    Ѓуричин, ќерка на свештеник од Вршац, дипломирала на два факултета, глума на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград во 1958, како и српски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Белград во 1961. Дипломирала на ФДУ во класа со Никола Симиќ, Ружица Сокиќ, Љиљана Марковиќ и Бата Живојиновиќ.

    Кариерата што траеше над 60 години ја почнала во Народниот театар во Белград со улогата на Ана Франк. Ја сметаат за актерка со најубава насмевка, оти тешко е да се најде фотографија од неа без насмевка на лицето. Одигра многубројни улоги, меѓу кои и Десанка Максимовиќ во истоимената серија, Александра Колонтајн во истоимената претстава, глумеше пред 50 години во филмот „Злосторство и казна“, легендарната серија „Врел ветер“, а во 1960-тите години глумеше и во странски филмови како „25. час“ со Ентони Квин во главната улога.

    Ѓуричин во 1965 го играше и ликот Неда во македонскиот филм „Денови на искушение на Бранко Гапо, за убиството на Ѓорче Петров, a според драмата „Црнила“ на Коле Чашуле.

    Соработуваше со најценетите српски режисери како Хуго Клајн, Мата Милошевиќ, Бојан Ступица, Мирослав Беловиќ, Бранко Плеша, Дејан Мијач, Боро Драшковиќ, Љубиша Ристиќ, Миленко Маричиќ, Вида Огњеновиќ и други. За време на нејзината долга кариера играла во претставите на Народниот театар во Белград, Ателје 212, театарот Звездара, КПГТ, театарот Битеф, Малиот театар Душко Радовиќ, Народниот театар во Ниш и Ужице, Мадленијанум и други помали и независни сцени.

    Од 1959 до неговата смрт во 2013, Ѓуричин беше во брак со професорот Драгослав Поповиќ, кој ја предводеше групата научници од Институтот за нуклеарни науки во Винча, кои во октомври 1958 спровеле таен проект, при што биле изложени на смртоносна доза радијација, по што југословенската тајна полиција ги одвела во клиниката „Кири“ во Париз на лекување. Нуклеарната несреќа во Винчи се случи на 15 октомври 1958 во Институтот за нуклеарни науки во Винча, кога истече радиоактивен материјал од првиот нуклеарен реактор во Југославија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира