ЕУ СМЕТА ДЕКА УНГАРИЈА ЈА ЗАГРОЗУВА БЕЗБЕДНОСТА ЗАТОА ШТО ДОЗВОЛУВА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА РУСКИ И БЕЛОРУСКИ ДРЖАВЈАНИ

    ЕУ СМЕТА ДЕКА УНГАРИЈА ЈА ЗАГРОЗУВА БЕЗБЕДНОСТА ЗАТОА ШТО ДОЗВОЛУВА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА РУСКИ И БЕЛОРУСКИ ДРЖАВЈАНИУнгарија ја прошири својата програма Национална карта откако го презеде претседателството на ЕУ

    Европската Унија изрази загриженост за унгарската програма за работни визи која е отворена и за државјаните на Русија и Белорусија, додека низ Европа се појавуваат саботажи и обвинувања за шпионажа.

    Унгарија ја прошири својата програма Национална карта и за државјаните на Русија и Белорусија откако го презеде претседателството на ЕУ. Картата сега овозможува полесен влез во ЕУ од работни причини за државјаните на БиХ, Молдавија, Црна Гора, Македонија. Србија и Украина, кои се кандидати за членство во ЕУ, што Русија и Белорусија не се.

    Малку е чудно да ги отворите вратите за граѓаните на Русија и Белорусија кога двете држави се непријателски расположени кон ЕУ. Ова е време за поголема будност, не помала. Ова не е време да се биде мек кон безбедноста“, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

    Унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока ги отфрли грижите и кажа дека земји како Германија, Летонија, Полска и Шпанија имаат издадено повеќе визи за Русите.

    Во изминатите два месеца се издадени само десет визи за руски државјани и четири за белоруски. Тоа не е тренд на зголемување. Не постојат правни и безбедносни проблеми во врска со Националната карта“, изјави Бока.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира