НАСКОРО ЌЕ СЕ ДОДЕЛАТ ВАУЧЕРИТЕ ЗА ИНВЕРТЕРИ ЗА КОИ СЕ АПЛИЦИРАШЕ ВО ФЕВРУАРИ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА

    НАСКОРО ЌЕ СЕ ДОДЕЛАТ ВАУЧЕРИТЕ ЗА ИНВЕРТЕРИ ЗА КОИ СЕ АПЛИЦИРАШЕ ВО ФЕВРУАРИ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКАГраѓаните за инвертери аплицираа уште во февруари, но иако за еден месец стартува грејната сезона, тие уште не се поделени.(Фото: СДК.МК)

    Ваучерите за инвертери кои граѓаните ги чекаат уште од февруари ќе бидат доделени, но кога точно, не се знае. Од Министерството за енергетика, кое го презеде овој проект од Министерството за економија, велат дека доделувањето на ваучерите ќе почне наскоро, откако со ребалансот на буџетот се обезбедени пари за оваа намена.

    „Распределбата се очекува да почне веднаш откако ќе заврши проверката на апликантите низ соодветните институции вклучени во процесот“, велат од Министерството за енергетика.

    Граѓаните за инвертери аплицираа уште во февруари, но иако за еден месец стартува грејната сезона, тие уште не се поделени.

    Како што велат од Министерството, обезбедени се финансиски средства за околу 8.000 ваучери, а пристигнати се вкупно 18.805 барања по двата јавни повика. На огласот кој не е за ранливи потрошувачи барања доставија 14.500 баратели, а за огласот за ранливи потрошувачи 4.305 баратели.

    Според огласот, инвертерите ќе се праќаат на домашна адреса по пошта и треба да бидат набавени и монтирани до ноември, односно до почетокот на грејната сезона.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира