Теквондо тренерот Борче Костовски, под чие водство Дејан Георгиевски освои сребро на Олимписките игри во Токио, денеска во Собранието ја прими државната награда за животно дело „8 Септември“.
Покрај Костовски, наградата им беше врачана на уште четворица спортски работници за остварувања во областа на спортот во 2024 година. Таа им припадна на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.
Со оваа награда Костовски се стекнува со правото за доживотна пензија, додека останатите четворица ќе добијат еднократна парична награда во висина од десет просечни плати.