СЛАВЈАНКА ГО ПОДНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ ЗА ДА СОЗДАДЕ ВАКВА СОСТОЈБА, КАЖА МИЦКОСКИ ОТКАКО ТАРАВАРИ И МЕЏИТИ РЕКОА ДЕКА СЕ ПРОТИВ ЗАКОНОТ

    СЛАВЈАНКА ГО ПОДНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ ЗА ДА СОЗДАДЕ ВАКВА СОСТОЈБА, КАЖА МИЦКОСКИ ОТКАКО ТАРАВАРИ И МЕЏИТИ РЕКОА ДЕКА СЕ ПРОТИВ ЗАКОНОТПремиерот Христијан Мицкоски и министерот Изет Меџити во Влада на годишнина од Охридскиот рамковен договор (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска не го поднела Законот за бранители во Собранието затоа што им мисли добро на бранителите, туку за да создаде „ваква состојба“. Неговата изјава доаѓа откако лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити и Арбен Таравари рекоа дека се против носење на законот.

    „Овој закон кој што вчера беше на дневен ред е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска односно СДСМ и она што е интересно, кога се гласаше потребата за донесување на дневен ред, СДСМ ја напушти седницата. Зошто ова го споменувам, затоа што самата пратеничка и СДСМ не го поднесуваат законот затоа што мислат добро на бранителите, туку за да создадат ваква состојба, за повторно етнички тензии, нетрпеливост бидејќи таа ќе е картата на која што и тие и другите партии без разлика дали од македонскиот или албанскиот блок ќе играат во периодот што следи“, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешното отворање на спортскиот комплекс „Бранители“ во Општина Бутел, додавајќи дека бранителите ја имаат неговата недвосмислена поддршка.

    Претходно, министерот за животна средина Изет Меџити рече дека пратениците од коалицијата Вреди се против измените на Законот за бранители без да се донесе закон со кој што ќе се регулираат привилегиите на припадниците на поранешната ОВК. Министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека е загрижен поради законот и дека ќе седнат да разговараат со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за да се најде решение.

    Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства е поднесен од пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и е ставен на дневен ред на денешната собраниска седница како 31. точка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира