ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ИСПРАЌА УШТЕ ТРУПИ ВО ЛИБАН ПО ИРАНСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД

    ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ИСПРАЌА УШТЕ ТРУПИ ВО ЛИБАН ПО ИРАНСКИОТ РАКЕТЕН НАПАДКратер во училиште во Гедера настанат во вчерашниот ирански ракетен напад (Фото: Гети)

    Израелската војска објави дека регуларните пешадиски и оклопни единици се придружуваат на копнените операции против Хезболах во јужен Либан, додека Израел се заканува дека ќе му се одмазди на Иран за вчерашниот напад во кој биле лансирани околу 180 балистички проектили.

    Додека се уште се бори против Хамас во Газа, Израел го засилува своето присуство и во Либан, навестувајќи дека операцијата би можела да отиде подалеку од она што досега се опишуваше како „ограничен, локализиран и насочен упад“. Војската вели дека главната цел на копнената акција е уништувањето на тунелите и другата инфраструктура на Хезболах покрај границата и дека нема планови за поширока операција кон Бејрут или поголемите градови во јужен Либан. Израел им порача на жителите на десетици села во јужен Либан да се евакуираат.

    Иран кажа дека го завршил својот ракетен напад врз Израел, додавајќи дека тој бил одмазда за израелската агресија врз Либан и за убиството на водачите на Хезболах.

    Нашиот напад беше самоодбрана. Акцијата е завршена, освен доколку израелскиот режим не одлучи да се одмазди. Во такво сценарио, нашиот одговор ќе биде уште посилен и помоќен и ќе ја нападнеме целата израелска инфраструктура. Ги предупредивме и САД да не се мешаат“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арак.

    Ова беше најголемиот директен ирански напад врз Израел досега. Израел тврди дека најголем дел од проектилите биле пресретнати, додека Иранската револуционерна гарда вели дека 90% ја погодиле својата цел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира