ВЛАДАТА ЌЕ ЗАБРАНИ ПРИСТАП ДО СТРАНСКИТЕ ОНЛАЈН ОБЛОЖУВАЛНИЦИ

    ВЛАДАТА ЌЕ ЗАБРАНИ ПРИСТАП ДО СТРАНСКИТЕ ОНЛАЈН ОБЛОЖУВАЛНИЦИСпоред министерот Стефан Андоновски, станува збор за стотина странски веб страници, но додава дека најкористени во земјава се две. (Фото: Министерство за дигитална трансформација)

    Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека Владата бара начин да го забрани пристапот до странските онлајн обложувалници, откако минатиот месец одзеде лиценци на три домашни компании за онлајн игри на среќа.

    „Разговараме кои се начините за забрана на странски домеини коишто се присутни на македонскиот пазар, а коишто приредуваат нелегално игри на среќа. Треба да најдеме методологија како да ги забраниме овие веб-страници во Македонија затоа што нивната нелегалност е јасна, утврдена со Законот, но нивното постоење тука е затоа што тие се регистрирани некаде во светот и лесно се пристапни за нашите граѓани. Имаме методологија, имаме правец, но ќе ми дозволите неколку дена за да излеземе со точни активности кои веќе сме ги преземале. Не сакам да зборувам пред преземањето на активностите, но веќе во Лотарија на Македонија се прават табели кои што утврдуваат кои точно веб-страници се најприсутни и каде најмногу се закачени нашите граѓани, на кои веб-страници најмногу се приредуваат тие нелегални игри на среќа“, рече Андоновски, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на симпозиум и промоција на Дигит Мак.

    Според министерот, станува збор за стотина странски веб страници, но додава дека најкористени во земјава се две.

    „Во првата фаза ќе треба да се работи со овие 100 да се забранат, но потоа според дискусијата која што ја имаме со претставниците на Лотарија тоа ќе биде континуиран процес. Значи не може да се направи еднаш засекогаш, туку постојано ќе треба да се ажурира оваа листа и постојано да се информира АЕК и телеком операторите за да нешто се случува за да може после постојано да се движат кон забрана на овие нелегални приредувачи на игри на среќа. Ќе повторам, ако тие беа регистрирани во Македонија ова е кривично дело што го прават, но затоа што се регистрирани во странство не можете да видите кој е точниот приредувач и затоа мораме да одиме со забрана на пристап, подвлекува министерот Андоновски.

    Овие активности, вели Андоновски, ќе бидат преземени од неговото министерство, Марнет и АЕК, во соработка со телекомите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира