ЛАМ СТАВА КРАЈ НА ФУДБАЛСКАТА КАРИЕРА, НЕ САКА ДА БИДЕ ДИРЕКТОР ВО БАЕРН

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Минхен,(ДПА)

    ЛАМ СТАВА КРАЈ НА ФУДБАЛСКАТА КАРИЕРА, НЕ САКА ДА БИДЕ ДИРЕКТОР ВО БАЕРН

    Фудбалерот на Баерн Минхен Филип Лам соопшти дека ќе стави крај на неговата богатата кариера на крајот на сезоната, истовремено изјавувајќи дека засега се уште не сака да се премести во менаџментот на најуспешниот клуб во Германија.

    „Им соопштив на лидерите на клубот дека ќе престанам со играње на крајот на сезоната“, вели Лам.

    „Секој ден се обидувам да го дадам најдоброто од себеси, на секој тренинг и секој натпревар. Верувам дека истото можам да продолжам да го правам до крај на сезоната, но не и потоа“, додава Лам.

    Лам го даде соопштението по победата на Баерн 1-0 против Волфзбург во Купот на Германија.

    Одлуката ја донел три дена откако 33-годишникот го одигра 500. натпревар во Баерн за време на нерешените 1:1 во саботата против Шалке.

    Многумина веруваа дека Лам ќе ја преземе улогата како наследник на спортскиот директор Матијас Замер.

    „Имаше разговори и добро поминаа. Но, на крајот, јас решив дека се уште не е моментот да ја преземам работата како спортски директор“, изјави Лам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира