ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „11 ОКТОМВРИ“ НА АКТЕРОТ И ПРОДУЦЕНТ ЈОВИЦА МИХАЈЛОВСКИ, СЛИКАРОТ ВЛАДИМИР ТЕМКОВ, БУБО КАРОВ ОД „К-15“ И ФОЛКЛОРИСТОТ МАРКО КИТЕВСКИ

    ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „11 ОКТОМВРИ“ НА АКТЕРОТ И ПРОДУЦЕНТ ЈОВИЦА МИХАЈЛОВСКИ, СЛИКАРОТ ВЛАДИМИР ТЕМКОВ, БУБО КАРОВ ОД „К-15“ И ФОЛКЛОРИСТОТ МАРКО КИТЕВСКИНаградата „11 Октомври“ е највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Македонија (Фото: СДК.МК)

    Во Собранието денеска беше доделена државната награда „11 Октомври“, на овогодинешните добитници: актерот и продуцент Јовица Михајловски, сликарот Владимир Темков, мултимедијалниот уметник и еден од авторите на ТВ-емисијата „К-15“,  Љупчо-Бубо Каров и на фолклористот Марко Китевски.

    Наградата „11 Октомври“ е највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во други дејности од јавен интерес на Македонија.

    Каров, Темков и Михајловски се наградени за животно дело во областа на културата и уметноста, а проф.-д-р Китевски, кој е истражувач на македонскиот фолклор, во областа на науката.

    Секоја година оваа престижна награда се врачува во Собранието на Македонија на овој ден, 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира