КАКО ШТО Е СИГУРНО ДЕКА ЕДЕН ДЕН СИТЕ ЌЕ ЗАМИНЕМЕ ОД ОВОЈ СВЕТ, TAKA И ДОГОДИНА НЕМА ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    КАКО ШТО Е СИГУРНО ДЕКА ЕДЕН ДЕН СИТЕ ЌЕ ЗАМИНЕМЕ ОД ОВОЈ СВЕТ, TAKA И ДОГОДИНА НЕМА ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ВЕЛИ МИЦКОСКИНајверојатно ќе биде со корекција на коефициентот, вели премиерот Мицкоски. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната година нема да има зголемување на платите на функционерите и тоа најверојатно ќе се направи преку корекција на коефициентот.

    Платите на функционерите беа замрзнати од 2014 до 2023 година, сè до одлуката на Уставниот да го укине членот 4 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со кој што основицата беше фиксирана на 26.755 денари. На тој начин, преку ноќ платите на функционерите пораснаа за 78 отсто.

    Оттогаш, исто така, платата на функционерите секоја година расте паралелно со просечната плата.

    „Едно е сигурно, покрај една друга работа што секако во животот треба да се случи, а тоа е дека нема да има зголемување на платите на функционерите. Како? Најверојатно ќе биде со корекција на коефициентот. Тоа е сигурно, нема да има зголемување. Не знам како е, треба да видат одговорните. Едно е сигурно, покрај тоа дека еден ден ќе заминеме сите од овој свет е дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите“, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на конференција на „Блумберг Адрија“.

    Во февруари годинава, Собранието усвои законски измени за да се спречи покачување на функционерските плати за 2024 година, но измените важат само за тековната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира