Агенцијата за филм го поништи конкурсот за финансирање проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024, што значи дека годинава нема да се сними ниеден македонски филм.
Според информацијата на веб-страницата на Агенцијата, Управниот одбор на Агенцијата на седница одржана на 30 октомври донел одлука за поништување на конкурсот, кој беше објавен на 26 јануари.
„Конкретниот Конкурс се поништува поради тоа што со поведувањето и спроведувањето на истиот се утврди дека постојат неправилности и незаконитости во дејствија“, стои во одлуката.
По првиот рок на одлучување по Конкурсот кој бил објавен не е одлучено ниту во законскиот предвиден рок во април, ниту кога е продолжен рокот за одлучувуње со известување на веб-страницата, ниту до денот на донесување на оваа одлука. Не е донесена одлука за прифаќање или за одбивање на филмските проекти на кошсурсот, што е спротивно на член 25, етав 1 од Законот, според кој по доставени филмски проекти на конкурсот се одлучува двапати годишно, во април и во октомври.
Клучните проблеми вклучуваат пропуштање да се донесат одлуки за пријавите во предвидените рокови (април и октомври). Дополнително, постапката била усложнета со интерни акти кои биле во спротивност со законските правила за евалуација на проекти. Исто така, имало нејаснотии околу роковите за поднесување на пријавите и критериумите за евалуација, како и процедурите за известување. Поради овие проблеми, Агенцијата одлучила дека понатамошно спроведување на конкурсот би било законски спорно и потенцијално штетно, па затоа го поништи конкурсот во целост.