Најпопуларниот сатиричен сајт на светот „Онион“ ја купи контроверзната медиумска организација „Инфоворс“, што ја водеше десничарскиот теоретичар на заговори Алекс Џонс.
„Онион“, кој понуди неодредена сума на аукција нареден од суд, објави дека имал поддршка од семејствата на жртвите од основното училиште „Сенди Хук“, кои го добија судскиот спор против Џонс за ширење лажни гласини за масакрот, во кој беа убиени 22 деца и шестмина вработени. Џонс притоа мораше да им плати обесштетување од 1,5 милијарди долари.
Судија од Тексас нареди аукција во септември и повеќе групи, вклучувајќи сојузници на Џонс, најавија дека би можеле да наддаваат за компанијата.
Џонс го основал „Инфоворс“ во 1999 и сега најави дека ќе продолжи да емитува програма преку други дигитални платформи.
„Преземањето е тотален напад врз слободата на говорот. Ова е тиранијата на новиот светски поредок, очајна да го замолчи американскиот народ“, кажа Џонс.
„Онион“ објави дека ќе го трансформира сајтот со добро познати интернет хумористи и креатори на содржини.
„Планираме да го претвориме во многу смешен, многу глупав сајт“, изјави Бен Колинс, извршниот шеф на компанијата која го држи „Онион“.