ПЛАНИНАРОТ ИВАНЧО ТОШЕВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ПЕЛИСТЕР“

    ПЛАНИНАРОТ ИВАНЧО ТОШЕВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ПЕЛИСТЕР“Тошевски е вклучен и во организацијата на традиционалниот настан со симболично име „Први на први”. (Фото: Фејсбук)

    Планинарот Иванчо Тошевски е назначен за в. д. дриектор на Националниот парк „Пелистер“ во Битола. Тошевски на јавноста ѝ е познат како планинар кој е вклучен и во организацијата на традиционалниот настан со симболично име „Први на први”, кога планинари секоја година на 1 јануари имаат можност да го доживеат првото изгрејсонце во Новата година на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер.

    Тој досега работеше во Фабриката за опрема и делови (ФОД) при ЕСМ. Тошевски порано ја извршуваше функцијата координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, а во периодот од 2017 до 2021 беше и советник од редовите на оваа партија во Општинскиот совет на Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира