Доналд Трамп ја предложи Пем Бонди за нова јавна обвинителка на САД, неколку часа откако неговиот контроверзен прв избор Мет Гец се повлече под голем притисок на јавноста. Бонди порано служеше како јавна обвинителка на Флорида и важи за долгогодишна сојузничка на Трамп, при што беше дел од неговиот адвокатски тим за време на неговото прво отповикување во Конгресот.
„Пем беше обвинителка повеќе од 20 години, при што цврсто се бореше против насилниот криминал и ги направи улиците на Флорида безбедни за семејствата“, кажа Трамп.
Веста за номинацијата на Бонди дојде шест часа откако Гец објави дека нема да се бори за оваа важна функција, по неколкудневните дебати дали да се објави извештај на Конгресот, кој содржи наоди од истрага за недолично сексуално однесување и употреба на недозволени дроги. Гец ги негираше овие тврдења, но одлучи да се повлече „за да се избегне непотребна долготрајна кавга во Вашингтон“.
Гец претходно беше избран во Претставничкиот дом и не е познато дали сега ќе сака да си го поврати местото.