ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЗА БОЈАЏИЕВСКА, СТЕФАНОВСКИ, МАСИН И АБАЗИ

    ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЗА БОЈАЏИЕВСКА, СТЕФАНОВСКИ, МАСИН И АБАЗИСликарот Мирослав Масин е еден од добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази се годинашни добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 во областа на културата и уметноста, а универзитетската професорка Маја Бојаџиевска во областа на воспитанието и образованието,  соопшти Министерството за култура.

    Наградата се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

    Претседател на Одборот за доделување на наградата беше писателот Томислав Османли, а наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември во 12 часот во свечената сала на Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира