Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје и активистката и трансродова жена Лила Милиќ се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, соопшти Министерството за култура.
Претседателка на Одборот била Александра Цветановска.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември во 10 часот во Собранието.