ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА СЕ ИЗВИНИ ЗА ВОЕНАТА СОСТОЈБА И ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА СЕ ИЗВИНИ ЗА ВОЕНАТА СОСТОЈБА И ПОДНЕСЕ ОСТАВКАШест опозициски партии покренаа постапка за отповикување на претседателот Јун (Фото: АП)

    Јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Јонг-хјун ја понуди својата оставка откако опозицијата го обвини дека бил соучесник во пропаднатиот обид на претседателот Јун Сук Јеол да прогласи воена состојба во земјата вчера. Се верува дека Ким имал големо влијание врз одлуката на Јун, па опозицијата претходно најави дека ќе побара и негово отповикување во парламентот.

    Ким изјави дека презема целосна одговорност за воената состојба и ѝ се извини на јавноста за ширење конфузија и вонземиреност.

    Покрај него, оставка поднесоа уште двајца блиски соработници на Јун, меѓу кои и шефот на неговиот кабинет.

    Шест опозициски партии денеска покренаа постапка за отповикување на претседателот Јун и се очекува гласањето да се одржи на 6 или 7 декември.

    Неизвесна реалност владее во Јужна Кореја денеска по драматична ноќ, во која прво Јун прогласи воена состојба, што парламентот ја укина, по што и самиот Јун објави дека ја повлекува својата одлука. Стотици војници се обидоа да влезат во парламентот откако Јун прогласи воена состојба, но по некое време се повлекоа. Јун објави дека воената состојба е неопходна за да се одбрани земјата од антидржавни сили кои ја симпатизираат Северна Кореја и за да се заштити уставниот поредок, иако не спомна специфични закани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира