НЕМА ИЗВОДИ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА ВО ВЕЛЕШКОТО МАТИЧНО, НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ ИМА

    НЕМА ИЗВОДИ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА ВО ВЕЛЕШКОТО МАТИЧНО, НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ ИМАДиректорот на Управата вели дека документи има, но не се дистурибуирани, а неофицијално, недостигот на обрасците е поради тендерот кој уште е во жалбена постапка. (Фото: СДК.МК)

    Во подрачната единица на Управата за водење на матични книги (УВМК) Велес, повеќе од два месеци нема изводи за новороденчиња. Родителите толку време не може да добијат потребен документ за натамошна постапка. Има само изводи за венчани и за починати.

    „Бев да го запишам синот, рекоа дека немаат изводи. Ги подигнале и од соседните канцеларии во Чашка, Градско, Богомила и Лозово, и се потрошиле. Не можеа да ми кажат кога ќе добијат“, вели велешанец кој требало да го запише во книгата на новороденчиња нивното бебе.

    Директорот на Управата вели дека документи има, но не се дистурибуирани.

    „Документи или изводи за новороденчиња има. Од технички и организационен аспект службите не успеале да достават до подрачната единица во Велес. Граѓаните благовремено ќе бидат услужени со изводи“, кажа директорот Фатон Фазлиу.

    Тој уверува дека причината е техничка, но според неофицијални информаци, недостигот на обрасците е поради тендерот кој се уште е во жалбена постапка.

    Набргу, со доаѓањето за новогодишните и божикни празици на граѓаните кои работат или престојуваат во странство, се очекува голем прилив на баратели на вакви документи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира