КИНА ВО ТИБЕТ ЌЕ ЈА ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА ХИДРОЕНЕРГЕТСКА БРАНА ВО СВЕТОТ

    КИНА ВО ТИБЕТ ЌЕ ЈА ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА ХИДРОЕНЕРГЕТСКА БРАНА ВО СВЕТОТБраната, која ќе се наоѓа во долниот тек на реката Јарлунг Цангпо, би можела да генерира трипати повеќе енергија од браната Три Клисури, моментално најголемата хидроцентрала во светот. (Фото: Гети)

    Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроенергетска брана во светот, поттикнувајќи загриженост за раселување на заедниците во Тибет и за влијанијата врз животната средина низводно во Индија и Бангладеш. Браната, која ќе се наоѓа во долниот тек на реката Јарлунг Цангпо, би можела да генерира трипати повеќе енергија од браната Три Клисури, моментално најголемата хидроцентрала во светот.

    Кинеските државни медиуми велат дека е „безбеден проект кој дава приоритет на еколошката заштита“ и оти ќе го зајакне локалниот просперитет и ќе придонесе за целите на Пекинг за климатска неутралност. Групите за човекови права и експертите, сепак, изразија загриженост за негативните ефекти од изградбата.

    Меѓу нив се стравувањата дека изградбата на браната – првпат објавено кон крајот на 2020 – може да ги помести локалните заедници, како и значително да го промени природниот пејзаж и да ги оштети локалните екосистеми, кои се меѓу најбогатите и најразновидните на Тибетската Висорамнина. Кина изгради неколку брани во тибетските области – спорна тема во регион строго контролиран од Пекинг уште откако беше анектиран во 1950-тите.

    Активистите претходно изјавија дека браните се најнов пример за експлоатација на Тибетанците и нивната земја од Пекинг. Тибет, која е главно будистичка земја, минала низ бранови репресии низ годините, во кои се смета дека се убиени илјадници. Претходно оваа година, кинеската влада собра стотици Тибетанци кои протестираа против уште една хидроенергетска брана, што заврши со апсења и тепања, а некои луѓе беа тешко повредени.

    Тие се спротивставуваа на плановите за изградба на браната и хидроцентралата Гангтуо, што ќе премести неколку села и ќе потопи древни манастири со свети мошти. Сепак, Пекинг соопшти дека ги преселил и обештетил локалните жители и ги преселил древните мурали на безбедно.

    Во случајот со браната Јарлунг Цангпо, кинеските власти нагласија дека проектот нема да има големо влијание врз животната средина – но не посочија колку луѓе ќе раселат. За хидроенергетската брана Три Клисури беа преселени 1,4 милиони луѓе.

    Извештаите покажуваат дека за колосалниата градба ќе треба најмалку четири тунели долги 20 километри да бидат пробиени низ планината Намча Барва, пренасочувајќи го протокот на Јарлунг Цангпо, најдолгата река на Тибет. Експертите и официјалните лица ја истакнаа и загриженоста дека браната ќе ѝ даде моќ на Кина да го контролира или пренасочи протокот на прекуграничната река, која тече јужно во индиските држави Аруначал Прадеш и Асам и понатаму во Бангладеш.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира