РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ГО ОСВОИЛА КЛУЧНИОТ ГРАД ВО ИСТОЧНА УКРАИНА КУРАХОВЕ

    РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ГО ОСВОИЛА КЛУЧНИОТ ГРАД ВО ИСТОЧНА УКРАИНА КУРАХОВЕКурахове, кој пред војната имал 22.000 жители, се наоѓа 32 километри јужно од Покровск (Фото: АП)

    Русија денеска објави дека нејзините сили го освоиле важниот логистички центар Курахове во источна Украина, што би бил значаен напредок по неколку месеци жестоки борби во оваа област.

    Руските единици целосно го ослободија градот Курахове, најголемото населено место во југозападен Донбас“, напиша руското министерство за одбрана на Телеграм.

    Курахове, кој пред војната имал 22.000 жители, се наоѓа 32 километри јужно од Покровск, уште еден важен логистички центар што Русите со месеци се обидуваат да го освојат.

    Освојувањето на Курахове ќе им овозможи на руските сили да го заземат остатокот на Доњецк со забрзано темпо“, додаде министерството.

    Во исто време, руски воени блогери велат дека украинската војска продолжува со новата изненадувачка офанзива во рускиот регион Курск и денеска, откако пет месеци им даваше отпор на руските напади.

    Жестоките борби продолжуваат втор ден. И ова утро во Курск започна загрижувачки. Јасно е дека вчерашниот неуспех нема да го запре непријателот“, напиша блогерот Јури Подољака.

    Руското министерство за одбрана вчера кажа дека Украинците нападнале северно од главниот автопат што води кон регионалниот главен град Курск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира