ПРАТЕНИЧКАТА ИЛИРЕ ДАУТИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈА И МЛАДИ ОТКАКО МИНАТАТА НЕДЕЛА Ѝ БЕШЕ ИЗГЛАСАНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА

    ПРАТЕНИЧКАТА ИЛИРЕ ДАУТИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈА И МЛАДИ ОТКАКО МИНАТАТА НЕДЕЛА Ѝ БЕШЕ ИЗГЛАСАНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАДаути беше разрешена од Собранието поради непочитување на Собранискиот деловник со неставање на Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и самоволна одлука да ги лиши пратениците од дебата за него. (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката Илире Даути од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ, на почетокот на денешната собраниска седница поднесе оставка, откако минатата недела ѝ беше изгласана интерпелација како претседателка на Комисија за социјална политика, демографија и млади. Таа побара од претседателот на Собранието Африм Гаши 15 минути за да ја образложи оставката, но тој ѝ одговори дека тоа ќе може да го направи на следната седница на 21 јануари.

    „Не можеш да ме држиш на сила господине Африм Гаши. Научете да го почитувате Деловникот, законите и постапките. Бездруго денеска ќе се слушне мојот глас и моето образложување за лошиот акт кој Вие го направиле. Срам да ви е! Баравте мое разрешување, а тоа разрешување само што настана. Вие на сила не можете тука да ме држите. Затоа сакам да го искористам моето право и да ја образложам. Го барам потребното време од 15 минути за да ја образложам мојата оставка“, рече Даути, по што Гаши даде пауза.

    Сепак, по паузата Гаши ѝ дозволи на Даути да ја образложи оставката, при што таа кажа дека и нејзе ѝ било несфатливо зошто не била веднаш разрешена по изгласаната интерпелација.

    „Моето разрешување беше очекувано по интерпелацијата. За да бидам објективна, се консултирав со експерти кои ми укажаа на два клучни моменти, интерпелацијата беше изгласана со 61 глас и одлуката беше конечна. Надлежноста за разрешување не ја носи Комисијата за избори и именувања, бидејќи пленумот е тој што донесува конечна одлука. Ова е основен принцип на демократска држава. Да живееме во таква држава, ваква ситуација немаше да се случи, поради што решив да поднесам оставка“, рече Даути.

    Даути беше разрешена од Собранието поради непочитување на Собранискиот деловник со неставање на Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и самоволна одлука да ги лиши пратениците од дебата за него. Интерпелацијата беше поднесена од пратениците на Левица. Со 61 глас „за“, 22 „против“ и ниеден „воздржан“, пратениците ја изгласаа интерпелацијата на претседателката Даути. „Вреди“ гласаше „против“, а пратениците на СДСМ не присуствуваа на седницата.

    Даути тогаш рече дека само инсистирала да се зборува подеднакво како за бранителите, така и за припадниците на поранешната ОНА, кога се работи за посебни права.

    Во меѓувреме, Гаши рече дека „важно е да се напомене дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти“.

    Пратениците ќе треба да предложат нов претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Ова место му припаѓа на опозицискиот Европски фронт на чело со ДУИ, кој би требало да предложи нов претседател за комисијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира