Полицијата денеска го уапси Раде Трајковски-Штекли по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, велат од МВР. Тој е осомничен за трговија со дрога.
Штекли стана познат во јавноста откако двапати беше пукано во него во скопскиот трговски центар „Ист Гејт“, а во ноември минатата година беше повреден кога беше фрлена бомба во неговиот двор во скопската населба Ќерамидница.