Лидија Симјановска ќе биде најмладата скијачка на утрешната велеслаломска трка на Светското првенство во Сент Мориц, Швајцарија.
16-годишната македонска скијачка од клубот „Бистра“ го освои 46. место на завчерашната квалификациска трка и на финалната трка ќе биде со стартен број 92 од 98-те учеснички. 16 години има и Хрватката Ида Штимац, но Симјановска е пет месеци помлада. Трката е со почеток од 9.45 часот.
Утре ќе се одржи и квалификациската трка во велеслалом во машка конкуренција, каде Македонија има четворица претставници: Лука Божиновски, Антонио Ристевски, Марјан Нашоку и Виктор Петров.