Од петтемина македонски скијачи на денешните трки во велеслалом на Светското првенство во Сент Мориц, Швајцарија, ниту еден не оствари пласман.
Лидија Симјановска, која настапи во финалната трка, беше дисквалификувана по првото возење, исто како и Виктор Петков по првото возење во квалификациската трка во машка конкуренција.
Антонио Ристовски и Маријан Нашоку го завршија првото возење со заостанување од 6,84 секунди и 12,84 секунди, додека во второто возење, Ристовски не стартуваше, а Нашоку не ја заврши трката. Лука Божиновски не го заврши првото возење.